Актуелно 20.04.2018 10:36

Глобалниот долг достигна рекордно ниво од 160.000 милијарди долари

Глобалниот долг достигна рекордно ниво од 160.000 милијарди долари

Растечките нивоа на долг и трговскиот спор помеѓу двете најголеми економии во светот претставуваат закана за глобалната економија, која со години не е во толку добра состојба, рече директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард.

“Трговската војна нема да биде нешто што ќе ја погодат само две држави, бидејќи светот е поврзан, тоа ќе ја погоди глобалната економија”, изјави Лагард за новинарите во Вашингтон, алудирајќи на тензиите на САД и Кина, објави АП.

ММФ предвидува дека глобалната економија ќе порасне со стапка од 3,9 отсто оваа година, најбрзо темпо од 2011 година, но Лагард вели дека “се повеќе и повеќе облаци се појавуваат на хоризонтот”, како што се трговските тензии и зголемувањето на глобалниот долг, кој достигна рекордни 164.000 милијарди долари, објави Танјуг.

Исто така, предупредува дека државните долгови се во напредните економии на светот на највисоко ниво од Втората светска војна.