Килибар со тежина над три килограми е откриен во каменоломот на Калининградското килибарско претпријатие во населбата Јантарни во близина на Калининград, соопшти портпаролката на претпријатието Ана Манахова за ТАСС. Килибарот е најголемиот минерал ископан од Претпријатието во изминатите 30 години, додаде таа.
“Каменот денес е ископан, тежи 3,2 килограми, а тоа е најголемиот килибар кој го извади претпријатието во изминатите 30 години”, рече Манахова.
Каменот што бил откриен е трет по големина килибар кој бил ископан во текот на неделата во сезоната што започнала на 1 март, рече таа.
Како што објави ТАСС претходно, работниците на претпријатието пронашле еден килибар од 2,36 килограми, а наредниот ден од 1,3 килограми. Сите три Килибара ќе бидат испорачани во магацинот на претпријатието.
Нивната уникатност ќе биде проценета од страна на експерти од Државниот завод за скапоцени метали и камења, по што ќе се донесе одлука за нивната понатамошна судбина, рече портпаролката. Тие можат да бидат задржани или ќе се продадат на аукција.
Калининградскиот регион концентрира до 90 проценти од светските резерви на килибар, кој е формиран уште пред околу 50 милиони години. Килибарните резерви на Приморско и Палмниковско наоѓалиште изнесуваат 116 илјади тони.