Валутната криза во Турција негативно влијаела на најбогатите луѓе во земјата.
Турската лира достигна рекордно дно на 13 август, кога загуби речиси 21% од својата вредност во однос на доларот само за пет дена. Токму слабата лира била причина 13 од 35турски милијардери набљудувани од Forbes, да се најдат надвор од индексот на списанието во вторникот наутро.
Откако Forbes ја објави листата на милијардери во 2018 година во почетокот на март, 35-та турски магнати загубиле најмалку 23 милијарди долари од колективното нето богатство, главно поради падот на лирата. Од почетокот на годината до 13 август таа изгубила 45% од својата вредност во однос на доларот.
Меѓу 13-та магнати, кои веќе не се милијардери, се имотниот магнат Али Агаоглу, познат како “турскиот Трамп”, и Мустафа Латиф Топбас, еден од пријателите на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и сопственик на BIM, најголемиот ланец на продавници за евтини стоки во земјата. Агаоглу и Топбас изгубиле по 540 милиони долари од почетокот на март, покажуваат пресметките на Forbes
Од преостанатите 22 милијардери во Турција, осуммина изгубиле преку една милијарда долари од своето нето богатство. Имотниот претприемач Ермал Илиџак кој поседува 90% од приватната компанија Ronesans Holding, изгубил најголем дел од своето богатство меѓу турските милијардери. Неговата нето вредност опаднала за 1,5 милијарди долари од март, а моментално изнесува 2,5 милијарди долари.
Севим Арсен која пред време беше најбогатата жена во Турција и го држиот статусот на најголемиот конгломерат во земјата Koc Holding, е “осиромашена” со 1,4 милијарди долари.
Најбогатиот човек во Турција Мурат Јулкер кој контролира 320 марки за намирници, вклучувајќи ја глобалната чоколадна компанија Godiva преку Yildiz Holding, изгубил речиси 1,4 милијарди долари од март наваму, што го рангирана на трето место меѓу турските милијардери со најголем пад на нето богатството во 2018 година. Неговата состојба изнесувала 3,4 милијарди долари во вторникот.
Падот на турската лира не е изненадување за луѓето кои ја следат економијата на земјата. Од 2012 година, девизниот курс на лирата во однос на американскиот долар драматично се намали.
Актуелните политички настани го продлабочија падот. Во последно време американско-турските односи се влошија, откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган одби да го ослободи американскиот пастор Ендрју Брансон. Тој е обвинет од турската Влада за врски со терористички организации, вклучувајќи една, за која се тврди дека е предводена од американскиот свештеник Фехтуллах Гулен кој од живее во САД. Брансон ги негира обвиненијата.
Турската влада го обвинува Гулен дека стои зад неуспешниот обид за државен удар во 2016 година, кој доведе до речиси двегодишна вонредна состојба во земјата. Гулен, исто така, ги негира обвиненијата.
На 12-ти август, администрацијата на Трамп воведе санкции за двајца турски водачи, кои се однесуваа на злоупотреби на човековите права. Најголемиот удар сепак дојде минатиот петок, кога Трамп објави царини врз турскиот челик и алуминиум, што ја турна лирата кон дополнителен пад.
Ердоган ги обвинува за сегашната криза странските влади и тврди дека САД му нанеле удар со нож во грбот на сојузникот. “Не заборавајте дека ако тие ги имаат нивните долари, ние го имаме нашиот народ, нашиот Бог, нашиот Алах”, рече турскиот претседател пред своите приврзаници минатата недела.
“Според мене, во оваа фаза на излез од кризата е ублажување на борбената реторика”, вели Мусереф Јетим, професор по меѓународни односи на Њујоршкиот универзитет. “Технолошкиот напредок е важен на долг рок за економските перформанси на земјите. Ако Турција навистина сака одржлив економски развој, таа не може да го сврти грбот кон Запад “, додала таа.
Турските милијардери може да се јавното лице на земјата, но лирата која е во колапс влијае потенцијално на сите 80 милиони турски државјани, кои се ранливи на инфлацијата, забележува Форбс.