Актуелно 09.02.2019 14:02

Гошев: Приказната на владата на СДСМ дека овие две години се занимавале само со меѓународни прашања не држи

Гошев: Приказната на владата на СДСМ дека овие две години се занимавале само со меѓународни прашања не држи

Во вчерашната емисија на 1ТВ гостуваше Петар Гошев, поранешен гувернер на НБРМ кој истакна дека приказната на оваа влада дека ништо не сработиле бидејќи биле сконцентрирани на едно прашање не им држи. Дефинитивно приказната дека се занимававме со меѓународни прашања не држи.

Има премиерот, нормално ќе се бави речиси со сите прашања, ова прашање најмногу овој период но има министерство за таа работа има сектор друг, а сите други министерства треба да си ја вршат својата работа, нагласи Гошев.

Гошев, појасни дека тоа не може да биде изговор „се бавевме со овие прашања и затоа останаа некои други прашања кои што ние ги ветувавме за време на кампањата дека ќе ги решиме“. Според Гошев прашањето е дали политиките кои што се преземаат во одделните сектори водат кон релативизација, кон ублажување или кон решавање на проблемите од повеќе области.