Актуелно 24.07.2018 19:05

Град Скопје издвои милион денари за Атина

Град Скопје издвои милион денари за Атина

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денеска телефонски разговараше со неговиот атински колега Јоргос Каминис и му изрази длабоко сочувство за загинатите граѓани во стихијниот пожар што ја зафати околината на Атина.

– Град Скопје ќе и испрати милион денари првична помош на Атина за настраданите во пожарите. Ова е прва итна мерка на Град Скопје и тој останува отворен за каква било помош доколку дополнително се побара, соопшти Град Скопје.

Освен Шилегов, и градоначалникот на Тирана, Ерион Велај, стапил во контакт со Каминис изразил поддршка и понудил помош.

Каминис, како што соопшти неговиот кабинет, се заблагодарил за солидарноста што ја демонстрираат и договорија нов контакт за следните чекори.