Актуелно 09.07.2018 13:53

Градежништвото во пад – 7, 9 % помалку издадени одобрение за градба според Државниот завод за статистика

Градежништвото во пад –  7, 9 % помалку издадени одобрение за градба според Државниот завод за статистика

Градежништвото е во постојан пад. Имено, според податоците на Државниот завод за статистика во мај 2018 година, се издадени 222 одобренија за градење, што е за 7.9 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3 529 344 илјади денари, што е за 4.2 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 116 (52.2 %) се наменети за објекти од високоградба, 41 (18.5 %) за објекти од нискоградба и 65 (29.3 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 222 објекти, на 116 (52.3 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 106 (47.7 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 477 станови, со вкупна корисна површина од 38 951 м2.

Градежништвото е главен двигател на економијата и неговиот пад повлекува пад на уште голем број на гранки кои се директно и индиректно поврзани со него. Инаку, заклучно со мај капиталните трошоци во буџетот изнесуваат само 14 % што е катастрофално малку. Ова се должи на фактот што голем број на  проекти се запрени од Владата додека нови воопшто  не се почнати. Ова е тесно поврзано и со градежништвото и секако со растот на БДП кој изнесуваше само 0, 1 % во првиот квартал што е поразително, БДП за 2018 е проектиран на 2,3 % но при вакви резултати во градежништвото експертите предупредуваат дека има мала  веројатност   дека и овој раст ќе се исполни.