Актуелно 26.08.2018 12:50

Граѓани од општина Гази Баба: Нема да дозволиме Георгиевски да ја партизира и приватизира општината

Граѓани од општина Гази Баба: Нема да дозволиме Георгиевски да ја партизира и приватизира општината

Праксата на СДСМ- државата да се поистоветува со партијата, односно државата и партијата да им е едно исто, изгледа функционира одлично, како на централно, така и на локално ниво.

Најнов пример, односно скандал, е случајот со општина Гази Баба.

Имено, лице вработено во општината, во работно време присуствувало на партиска прес- конференција.

-Да е скандалот поголем придонесува тоа што лицето е вработено како секретар за месни заедници, што значи дека истото треба да се грижи за интересите на граѓаните и нивните потреби, а наместо тоа тој во работно време учествува во партиски пресови и изјави, велат граѓани од општината, кои ги испратија фотографиите до нашата редакција и додаваат:

„Бараме градоначалникот Борче Георгиевски да престане со злоупотребите во општина Гази Баба и соодветно да го санкционира овој случај. Граѓаните нема да дозволат Борче Георгиевски да ја партизира и приватизира општината“.

ј