Актуелно 26.01.2019 19:06

Ташевска: Граѓаните на Општина Гази Баба се гушат во загадениот воздух

Ташевска: Граѓаните на Општина Гази Баба се гушат во загадениот воздух

Граѓаните на Општина Гази Баба се гушат во загадениот воздух. Во континуитет ставот на амбиенталниот воздух покажува енормно високо присуство на ПМ честички. Локалната и централната власт на СДСМ не преземаат ништо за откривање на причинителите за ваквото загадување, ниту пак преземаат мерки за подобрување на квалитетот на воздухот, изјави Златка Ташевска советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Гази Баба.

Ташевска потенцираше дека ова е пример дека СДСМ едно зборува кога е во опозиција, а ништо не презема кога е на власт.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија во Општина Гази баба на вчерашната седница донесе Одлука за итна набавка на прочистувачи на воздух кои ќе бидат поставени во детските градинки и основните училишта. ВМРО-ДПМНЕ секогаш ги застапува интересите на граѓаните во насока на подобрување на секојдневното живеење на граѓаните на Општина Гази Баба, дополни Ташевска.