Актуелно 25.01.2019 18:46

Граѓаните можат да ги тужат општините за повреди на нерасчистени улици од снег

Граѓаните можат да ги тужат општините за повреди на нерасчистени улици од снег

Неисчистениот мраз и снег на улиците како и секоја година се проблем за граѓаните.

Општините трошат илјадници евра за набавка на опрема и сол, а Дирекцијата за заштита и спасување вечерва упати апел до градоначалниците и општините да ги преземат сите неопходни мерки за расчистување на снегот и снежните наноси, заради нормално одвивање на сообраќајот и заштита на населението согласно обврските од Законот за заштита и спасување.

Во случај на повреди, граѓаните имаат право да бараат обесштетување.

За скршениците и повредите кои настанале како последица од нерасчистените улици, граѓаните можат да поднесат соодветна тужба против општината во која паднале.