Актуелно 20.09.2018 14:15

Граѓаните со порака по бегањето на крокодилот, директорот се правда дека животното било во пубертет

Граѓаните со порака по бегањето на крокодилот, директорот се правда дека животното било во пубертет

Крокодил од Зоолошката градина во Скопје синоќа избегал од своето живеалиште, направил кратка прошетка и влегол во езерото со патките, потврдија од Зоолошката градина. Очевидци пак тврдат дека операцијата за враќање на крокодилот Гањо се одвивала додека Зоолошката била отворена и имало посетители.

На табли околу Зоо-Скопје, денес осамнаа предупредувачки пораки. Оваа реакција на изреволтираните граѓани следи откако крокодилот од Зоолошката градина во Скопје синоќа избегал од своето живеалиште.

За среќа, синоќешниот инцидент не ескалирал, бидејќи утринава крокодилот бил најден во езерото и бил повторно дислоциран во своето живеалиште. Според директорот на Зоолошката, Ѓорги Галетановски, настанот што се случил изутринава не бил единствен, тие и претходно имале дојави дека крокодилот излегува од своето живеалиште.

„Крокодилите се млади и во добра кондиција, бидејќи сега влегуваат во пубертет. Тргнал ноќе да истражува. Констатиравме дека оградата треба да се смени, но решивме тоа да го направиме на пролет, бидејќи за кратко ќе заврши сезоната и ќе бидат на затворено. За среќа тој не изел ниту една патка, а зоолошката сè уште беше затворена“, вели Галетановски за БИРН.