Мозаик 26.09.2019 20:47

Grand Vin – Дегустација на премиум македонски вина

Grand Vin – Дегустација на премиум македонски вина

Мотото „Помалку е повеќе“ во винскиот свет се однесува на вината од премиум сегментот како и ретките вина кои генерално се произведуваат во мали колични и нудат загарантирано повеќе уживање.

Double Tree by Hilton Skopje – Rooftop Bar е просторот каде на 4ти Октомври 2019, петок, од 17:30 до 23:00 часот ќе се одржи овој мал, но по својата содржина уникатен вински настан.

Целта на организирање ваков вински настан е преку претставување и дегустација на премиум и ретките вина од домашните винарници да се претстави нивото на развој на винарството и лозарството кај нас, како пред меѓународните критичари така и пред вљубениците на високо квалитетните вина. Одговорното конзумирање е секако составен дел кој секогаш го следи овој сегмент.

„Интересот е изненадувачки голем, особено за посета на настанот, иако сегментот на премиум и ретки вина од домашниот вински регион е се уште во повој. Се уште имаме недоволен број на винарници кои се решаваат за производство на овој тип на вина и тоа ни причинува потешкотија при обезбедување доволен број на винарници кои би можеле да ги изложат своите бесценети вина. Сепак решивме да пробаме да креираме настан за тие кој веќе произведуваат премиум вина со голема надеж дека овој настан ќе биде потик и за останатите винарници кои би можеле да ни се придружат во годините кои доаѓаат“ – изјавија од МАСОМ (Македонска Асоцијација на Сомелиери)

Повеќе информации околу настанот на следниот линк:  http://www.masom.net/grandvin.html

За онлајн влезници на: https://www.karti.com.mk/grand-vin.nspx