Најавите за економски бум и по една година доаѓањето на власт останаа само ветување. Започнатите инфраструктурни проекти или се стопирани или сериозно забавени, реагира поранешниот премиер Никола Груевски.
Најавите за економски бум и по една година доаѓањето на власт останаа само ветување. Започнатите инфраструктурни проекти или се стопирани или сериозно забавени, реагира поранешниот премиер Никола Груевски. Во статус на социјалните мрежи пишува дека загрижува состојбата со приходите на буџетот во првите три месеци кои се под планираните за 7,33 отсто.
Тие се и под оние кои се примиле во првото тримесечие на 2017-та за 2,6 отсто, кога македонската економија беше под силно негативно влијание на политичката криза. Ако се земе за споредба само март 2018-та со март 2017, приходите се помали за 6,9 отсто, а во овој март приходи беа помали од планираните за фрапантни 13 отсто.
Најзабележлив е падот кај ДДВ за првите три месеци, каде реализацијата е помала за 5,25 отсто споредено со јануари – март 2017-та, а уште помали стојат приходите од ДДВ во однос на она што било планирано, помалку за 7,67 отсто, стои во статусот на Фејсбук. Екс премиерот алармира дека Владата сериозно да се замисли и за фирмите од најмалку 26 други индустриски гранки кои ја загубија или сериозно им се намали работата и приходите.