Воената разузнавачка служба на Холандија спречила руски хакерски напад врз Организацијата за забрана на хемиско оружје, изјави на пресконференција
холандската министерка за одбрана, Анк Бејлевелд, пренесе МИА.
Министерката за одбрана рече дека четворица Руси се протерани од Холандија, за кои постои сомневање дека извршиле хакерски напад врз ОЗХО.
Осомничените за нападот имале дипломатски пасоши.
Русите, наводно, сакале да дојдат до досиеја за истрагата за падот на авионот МХ-17 во Донбас во 2017 година. Според неа, нападите биле извршени во април од руското разузнавање ГРУ. Еден лаптоп што
бил сопственост на протераните, бил поврзан со Бразил, Швајцарија и Малезија. Податоците во него се однесувале за истрагата за катастрофата на летот МХ-17 на Малејжа ерјалнс кој беше соборен од ракета над источна Украина.
Постојаното претставништво на Русија во ОЗХО не ги коменираше наводите на министерката за одрбана на Холандија.