Мозаик 29.10.2018 14:05

Хорор во зоолошка градина во Албанија: Сопственикот измачувал животни

Хорор во зоолошка градина во Албанија: Сопственикот измачувал животни

Албанските власти денеска упаднале во заклучената приватна зоолошка градина „Сафари Зоо Парк“ во селото Мбростар, на 100 километри јужно од Тирана, и од таму извлекле 12 живи животни, бидејќи биле изгладнети, поради невнимание на сопственикот.

Во интервенцијата учествувале полицијата и ветеринари од меѓународната организација за заштита на животни „Фор поз“, кои со седативи успале три лавови, мечки, антилопа, четири елени, лисици, зебра и желка, а потоа ги префрлиле во јавната зоолошка градина во Тирана, пренесува АП.

Приватната зоолошка градина, сопствениците ја затвориле пред некое време, поради критики дека не се однесуваат како што треба кон животните кои ги чуваат.