Мозаик 10.01.2019 20:35

И по Брегзит Лондон остана топ дестинација во Европа за технолошки инвестиции

И по Брегзит Лондон остана топ дестинација во Европа за технолошки инвестиции

Лондон остана топ дестинација во Европа за технолошки инвестиции во 2018-та година. Компаниите во британската престолнина добиле речиси двојно од оние во најблискиот конкурент – Берлин, покажуваат податоците на „PitchBook“, цитирани од „Ројтерс“.

Технолошките играчи во Лондон привлекле 1,8 милијарди фунти (2,3 милијарди долари) капитал, 72% од вкупните 2,5 милијарди фунти, привлечени од британските компании од секторот.

Елин Бербиџ, партнер во компанијата за ризичен капитал „Passion Capital“, изјави дека Лондон е водечки центар за финансиски технологии благодарение неговата позицијата на еден од најголемите финансиски центри во светот, а нејзините универзитети помогнале за создавање на компании за вештачката интелигенција.

„Добиваме бројни повици и барања од инвеститори од САД и Азија, кои бараат можности во финансиските технологии“, вели таа за „Ројтерс“. „Во „финтех“, вештачката интелигенција и неколку други сектори, како природните науки и роботиката, Лондон отворено е светски лидер“.

Технолошкиот сектор во Лондон и градоначалникот на градот Садик Кан предупредија дека заминувањето од Европската унија може да ја направат престолнината не толку привлечна. Но сепак Бербиџ тврди дека се уште нема сигнали тоа да се случува надвор од тоа што компаниите поставуваат повеќе прашања, кога сакаат да вработуваат луѓе од странство.

Податоците од „PitchBook“ покажуваат дека и Берлин, и Париз ги соединиле силите против Лондон во трката за финансирањето во Европа, а Лондон не успеал да достигне рекордни нивоа на привлечен капитал што го видовме во 2017-та година.

Берлин има привлечено 937 милиони фунти инвестиции за 2018-та година, речиси двојно во споредба со претходната година. 797 милиони фунти заминаа во технолошките компании во Париз.

Во Велика Британија како целина инвестициите во вештачката интелигенција се зголемиле за 47% до 836 милиони фунти, додека 1,2 милијарди фунти заминале во „финтех“ секторот.

Генералното ризично финансирање на европски технолошки компании се намали малку во 2018-та година до 10,44 милијарди фунти, наспроти 10,47 милијарди фунти во 2017-та година.