Економија 29.11.2018 21:18

Постигнат договор за воздушниот простор Брегзит

Постигнат договор за воздушниот простор Брегзит

Соединетите Американски Држави и Велика Британија постигнаа договор за отворен воздушен простор по брегзитот, односно овој договор ќе им помогне да го регулираат воздушниот сообраќај откако Велика Британија ќе ја напушти Европската Унија, објави британската влада.

„Договорот обезбедува гаранции за одржување на клучните трансатлантски линии кои ги користат десетици милиони патници годишно”, вели владата, објави „Ројтерс“.