Мозаик 04.10.2018 16:29

Меј и Руте ја осудија ГРУ за серија глобални кибер напади

Меј и Руте ја осудија ГРУ за серија глобални кибер напади

Премиерите на Велика Британија и на Холандија, Тереза Меј и Марк Руте денеска објавија заедничко соопштение со кое ја осудија руската воена разузнавачка служба ГРУ поради серијата наводни глобални кибер напади. Двајцата лидери посочија дека ќе ги бранат меѓународните институции од тие што сакаат да им наштетат, пренесе МИА.
Меј и Руте разговараа откако претставници на двете држави ја обвинија ГРУ за серија напади врз Организацијата за забрана за хемиско оружје и други агенции, меѓу кои и Светската
агенција за антидопинг и за истрагата за падот на малезискиот авион.
Премиерите на Велика Британија и на Холандија соопштија дека нападите покажуваат игнорирање на вредностите од страна на ГРУ и на правилата што придонесуваат за
безбедноста.
Русија ги отфрли обвинувањата оценувајќи ги како „фантазии“.