Индија денеска соопшти дека ќе воведе повисоки царини за некои производи увезени од САД од 18 септември.
Индија беше незадоволна по одбивањето на Вашингтон да направи исклучок за Индија од новите американски царини и во јуни одлучи од 4 август да ги зголеми царините на некои производи од САД, вклучувајќи бадеми, ореви и јаболка, но подоцна го одложи влегувањето во сила на таа мерка.
Трговските спорови меѓу Индија и САД се зголемија откако стапи на должност претседателот Доналд Трамп. Во 2016 година билатералната размена се зголеми до 115 милијарди долари, но администрацијата на Трамп сака да го намали трговскиот дефицит од 31 милијарди долари со Индија и инсистира Њу Делхи да ги омекне трговските бариери.