Актуелно 07.08.2018 11:51

Инвеститорите ја заобиколуваат Македонија. Во Србија нова германска фабрика која ќе вработува 5.000 луѓе

Инвеститорите ја заобиколуваат Македонија.  Во Србија нова германска фабрика која ќе вработува 5.000 луѓе

И додека во минатото Македонија важеше за главна дестинација на германските инвеститори кои отворија голем број на фабрики во земјава и вработија безброј луѓе, денес состојбата е сосема поинаква. Германските инвеститори комплетно ја заборавија Македонија и наголемо вложуваат во соседна Србија која само пред неколку години беше далеку поназад од Република Македонија во поглед на странските инвестиции.

Имено, започнати се припремни работи за изградба на фабриката на германската команија „Леони“ која планира да вработи 5.000 луѓе. Предвидено е објектот да се протега на 45.000 квадратни метри, и би требало да заврши до крајот на идната година, а како што се споменува ќе вработи до 5.000 работници.

Според најавите во својата досега четврта фабрика германската компанија планира да вложи 60 милиони евра. Инаку, компанијата “Леони” во Србија работи од 2009 година, а во своите погони во Прокуп, Малошиште и Ниш моментално вработува околу 6.000 работници.Според податоците кај соседите се вложуваат милијарди додека Македонија едвај бои милиони во странски инвестиции што е поразлтелно поради тоа што земјата беше лидер во регионот по привлекување на странси инвестиции и градење на ТИРЗ зони.

Така според официјалните податоци во рок од пет години најголем број инвестиции доаѓаат од Русија, потоа Австрија, па Норвешка. Најголем број инвестиции има во Словенија, каде Австрија има вложено 16,4 милијарда евра за 5 години, а во Србија во период од 2005 до 2013 има вложено 2,3 милијарди евра. Австрија е исто најголем инвеститор во Босна и Херцеговина, каде од 1994 година па навака, има вложено 1,2 милијарда евра.

Од 2014 до 2018 година, најголем инвеститор во Хрватска е Холандија и тоа со 3,35 милијарди евра. Русија е најголем инвеститор во Црна Гора со 426 милијарда евра, Швајцарија во Албанија со 1,08 милијарда евра и 277 милиони евра во Македонија и Германија во Косово со 436 милијарди евра, по прогласувањето на независност.

Македонија потфрли со економките политики велат експертите и веќе бизнсмените и инвеститорите не ја гледат Македонија како привлечна бизнис дестинација за нивниот капитал. Придонес за тоа има секако високото ниво на корупција и слабиот правен систем, потоа неажурната и бавна администарција и лошите владини политики кои не дадоа воопшто позитивни сигнали на инвеститорите кои се повеќе инвестираат во соседните земји а ја одбегнуваат Македонија.

За оваа состојба голма одговорност носи актулената влада која очигледно нема стратегија и визија како да ја води економијата и да привече странски капитал кој има огромно позитивно директно и индиректно влијание врз македонската економија.