Актуелно 13.09.2018 10:27

Инвеститорите ја заобиколуваат Македонија- Во Зрењанин отворена автомобилска фабрика на италјанската компанија ГЛМ која ќе вработува 350 луѓе

Инвеститорите ја заобиколуваат Македонија- Во Зрењанин отворена автомобилска  фабрика на  италјанската компанија ГЛМ која ќе вработува 350 луѓе

Производствената фабрика зафаќа површина од околу 5.000 квадратни метри и инвестициската вредност е пет милиони евра, а се очекува да надмине 10 милиони евра во наредните години.

 

Во моментов, 70 работници се вработени во производството, а планот е зголемување на бројот на работници во првата фаза од експанзијата на производните капацитети до 150, а подоцна во втората фаза на 350.

 

Италијанскиот амбасадор Карло Ло Касо изрази задоволство што италијанскиот модел се развива во Србија. “Ние го развиваме овој модел заедно со локалното население, локалниот менаџмент и локалните работници, и така работиме заедно за да изградиме посебен модел”, рече амбасадорот на Италија.

 

Во моментов, 70 италијански компании  вработуваат околу 11.000 работници во Војводина.

 

Производите на оваа фабрика во најголем дел се извезуваат во Италија, Германија и Чешка, а GLM ги продава своите производи на Мерцедес, БМВ, Порче, Масерати, Ферари и Ауди.

Македонија заостанува во поглед на привлекување на инвестициите. Доколку Македонија важеше за лидер во регионот сега соседна Србија го превзема приматот на земја со најмногу привлечени инвестиции и странски капитал.

Инакук, странските инвестиции се од огромно значење за развој на економиите посебно на економии како македонската која има потреба од капитал и прелевање на знаење и нови технологии. Голем дел од градовите во Македонија кои немаа перспектива и луѓето се бореа со основна егзистенција при отворањето на фабриките ја обезбедија својата иднина. Во последниов период според експертите странските инвестиции се намалија а со тоа и вработувањата и секако тоа директно се одразува како на стандардот на живот така и на наталитетот и иселувањето.