Актуелно 26.07.2018 15:04

„Исламска држава“ убила повеќе од 220 лица во jужна Сирија

„Исламска држава“ убила повеќе од 220 лица во jужна Сирија

Повеќе од 220 лица загинаа во вчерашните напади во јужна Сирија, кои ги изврши „Исламска држава“, соопшти директорот на Сирискиот центар за
мониторинг на човекови права Рами Абдел Рахман, пренесе МИА.
– Бројот на загинатите луѓе достигна 221, вклучително и 127 цивили, рече тој и додаде дека бројот на жртвите може дополнително да се зголеми. ИД соопшти дека извршила координирани напади со самоубиствени бомбашки напади во неколку села и главниот град на провинцијата Суејда.