Мозаик 18.05.2018 08:55

Испратете им пари на вашите пријатели преку Facebook Messenger

Испратете им пари на вашите пријатели преку Facebook Messenger

Facebook воведува нов вид на услуга, плаќање преку Messenger. Овој новитет е достапен на пазарот на Велика Британија додека во САД истиот се користи од 2015 година. За прв пат оваа опција се воведува во држава надвор од Америка.

Социјалната мрежа го презентираше започнувањето на оваа опција во понеделникот. За прв пат ваквиот начин на плаќање се воведува во држава во која што доларот не е валута.

,,Нашите истражувања ги покажаа најчестите причини за праќање пари, а тоа се различни прослави, родендени, манифестации или настани и нашата цел е да ги поедноставиме овие секојдневни моменти. Забележано е дека во САД повеќето луѓе кои ја користат оваа опција на Messenger испраќаат пари во вредност помала од 50 долари.” – вели директорот на Messenger, Давид Маркус во своето е-маил соопштение за јавноста.

Користењето на оваа опција ќе изгледа многу едноставно. Во самото прозорче во кое се разговорите со вашиот пријател кој ќе го изберете ќе го има знакчето плус и доколку го стиснете ќе се појави опцијата за да им платите. При првото најавување корисниците ќе мора да ги внесат деталите од нивните картички и сумата која што сакаат да ја испратат. Оние кои треба да ги добијат парите ќе го прифатат тоа само колку ги внесат деталите од нивните картички.

Компанијата не наплаќа никакви провизии за испраќањето на парите.

Facebook вели дека деталите на картичките се заштитени со подеднакво ниво на безбедност како да испраќате пари преку банка и дека корисниците може да се чувствуваат слободно при испраќањето на пари.