По завршување на литургијата на сите верници што денеска го слават овој празник им го честита со поздравот Христос се роди, навистина се роди и им посака многу здравје, радост, среќа и да бидат сплотени како за празниците, така и во текот на целата година.
-Празниците не се само за празнување, туку и за потсетување, да не потсетат на сето она што ни овозможило да опстојуваме низ вековите, да не потсетуваат дека треба да го сакаме, почитуваме и чуваме тоа што го имаме, а не тоа што го немаме, затоа да си ја чуваме, почитуваме и сакаме Република Македонија, бидејќи неа ја имаме, рече Иванов.
МИА