Од Кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов за телевизија Телма соопштиле дека Иванов не бил поканет на денешната церемонија за поставување на знамето на НАТО пред македонската Влада.
Не беа присутни и од раководството на опозициската ВМРО ДПМНЕ. Празно остана и столчето кое беше наменето и за поранешниот претседател Бранко Црвенковски.