Ивор Мицковски повеќе нема да биде дел од новинарскиот тим на телевизија Телма, откако во петокот попладне му било соопштен0о дека нема да му биде продолжен договорот за работа. Мицковски работи во телевизијата од 2016 година, а овој епилог го смета како притисок на менаџментот на телевизијата кон него поради критичките ставови кон власта кои редовно ги соопштува во јавноста. Претпоставува дека причините се политички и вели дека неговиот случај не е само негов туку станува проблем кој треба сите да ги загрижува.
Еве го неговиот коментар за ситуацијата што го напиша на твитер: