Европската Унија презеде дополнителни чекори за укинување на летното и зимско сметање на времето.
Комитетот на Европскиот парламент денеска со 23 гласови “за” и 11 “против ” изгласа од 2021 година укинување на поместување на часовникот кој со децении се практикува два пати годишно на пролет и есен, објави АП.
Останува за пратениците да одлучат кое време ќе се смета – летно или зимско, а во ЕУ постојат разлики во врска со тоа кое од овие две времиња треба да стане стандард.
Многу земји-членки воспоставија промена на времето за време на нафтената криза во 1970-тите, како обид за заштеда на енергија.
Од 1996 година, сите земји на ЕУ истовремено го менуваат своето време.
Предлогот сега оди пред Европскиот парламент и парламентите на земјите-членки на Унијата.