Производителот на „Jack Daniel’s“ – „Brown-Forman Corp“, предупреди оваа недела за евентуалните проблеми поради царините наметнати врз американскиот бурбон и најави дека во последните месеци вложува напори за ублажување на потенцијалниот удар, така што извезува повеќе алкохол во странство.
Производителот на алкохолни пијалоци се најде во центарот на вниманието во текот на минатата недела, кога Мексико наметна 25% давачки на увозот на бурбон, како реакција на наметнатите царини врз металите од претседателот на САД, Доналд Трамп.
Од ЕУ најавија дека ќе одговорат со наметнувањето давачки, а иако и да тврдат дека ја контролираат ситуацијата, од компанијата велат исто така дека поради овие причини е тешко да се предвиди точниот резултати за целата година.
„Ова е тешка ситуација на која веќе неколку месеци сме сведоци. Се чини дека нешто се менува секој ден“, рече извршниот директор на „Brown-Forman Corp.“, Пол Варга, цитиран од „Ројтерс“.
„Brown-Forman“ генерира едвај половина од своите приходи од САД, а Европа сочинува една четвртина, додека Мексико и Канада придонесуваат со околу 5% и 1%, кон нето продажбата.
Акциите на компанијата со седиште во Кентаки вчера поевтинија со речиси 6%, а од „Brown-Forman“ предупредија и за пад во бруто добивката поради повисоки трошоци за дрво, агаве и транспорт.
Со исклучок на ефектите од можните давачки, компанијата очекува профит од 1,75 до 1,85 долари за финансиската 2019-та година.
Нето добивката на компанијата бележи пад до 110 милиони долари, или 23 центи по акција, во кварталот до 30-ти април, во споредба со 144 милиони долари, или 30 центи по акција, една година порано.
Нето продажбата се зголеми за 5,6% на 733 милиони долари. Аналитичарите очекуваат компанијата да објави добивка од 22 центи по акција и приход од 755,4 милиони долари за кварталот.