Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во однос на предметот „Талир“ после денешното судско рочиште изјави дека Зоран Заев се обидува со сите полуги на власта да влијае врз ВМРО-ДПМНЕ.
-Јасно и недосмислено се покажува фактот дека целиот овој политички процес е политички прогон кон најголемата опозициска партија во Македонија, вели Јанушев.