Тој притоа посочува дека помирување ќе има ако тоа се однесува на сите.
– “Може да има помирување ако се однесува на сите. Тие се неискрени, немаат искрени намери. Ако имаа искрени намери ќе дозволеа да се отвори предлог законот и ќе интервенираа со предлог амандмани. Како што тргнало ќе им требаат две години да го завршат овој процес или пак ќе го одовлекуваат и кочат и да го условуваат со уставните амандмани и намерно да ги држат во џеб останатите пратеници рече Јанушев.
Во врска со прашањето за азилот на Груевски тој посочува дека поради неспособноста на власта на него му е дозволено да избега.
– Сега уште пробувате да се перете на азилот на Груевски. Па вие сте неспособни, вие го оставите да си отиде да избега и тоа треба на ВМРО-ДПМНЕ да му се препишува. Што не превзмавте мерки, што не направивте нешто. И сега ова што не сте способни да направите соодветно помирување нешто што вашиот премиер го најавува вие се обидувате да го оправдате тоа што Груевски побегнал. ВМРО да не криво тоа што Груевски побегнал кажа Јанушев