Актуелно 09.09.2018 23:13

Јанушев од Берово: Заев бега да се произнесе за губењето на идентитетот преку договорот со Грција

Јанушев од Берово: Заев бега да се произнесе за губењето на идентитетот преку договорот со Грција

Како дел од теренските посети кои што веќе некој период ги имаме во целата држава, денес сме овде во Берово каде што во разговор со граѓаните се обидуваме да ги објасниме штетните последици од штетниот, односно капитулантскиот договор. Ова го истакна генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, на теренската посета на Берово.

-Гледаме дека преку кампањата што ја спонзорираат и финансираат со државни пари сакаат да прикажат дека патот во Европската Унија и НАТО се единственото нешто кое што се случува во овој момент. Што е апсолутно неточно, бидејќи единствено нешто што во овој момент губиме како држава и како нација тоа е нашето име, името на државата, меѓутоа и идентитетот. Во неколку наврати го повикувавме Премиерот Заев да одговори на неколку прашања кој што вешто ги избегнува. Кои што пред се се однесуваат на губењето на институционалниот идентитет и со фамозниот член 8 каде што е предвидено да се формира комисија од македонската и од грчката страна на кои во целиот оно процес на преговори со ЕУ им се дава право или една кочница да можат во било кој момент да покренуваат нови проблеми за нашата држава, рече тој.

Јанушев вели дека она што е по евидентно при разговор со граѓаните е дека и покрај ова што се случува со референдумот и со името на државата дека сакаат да го истакнат соочувањето со секојдневните проблеми.

-Речиси секаде овде низ Берово каде што имавме прилика да поразговараме се споменува темата со проблемот со откупот на сливи. Од информациите кои што ги добиваме повеќе од 20 илјади тони на слива нема пласман, и рекордно можеби најниска цена помеѓу 4 и 5 денари. Меѓутоа исто така она што е евидентно ветуваа „Живот за сите“ ветуваа дека ќе ги вратат младите, дека ќе го сопрат иселувањето. Меѓутоа имаме прилика да се увериме дека Берово е еден празен град, каде што и тоа како особено во последниот период продолжува иселувањето. Она што можам да го кажам е дека интензитетот се зголемува и од информациите кои што ги добиваме 16 семејства се иселени во последните две недели. Сакаме уште еднаш да упатиме апел до сите граѓани да не веруваат во лагите кои што се презентирани и кажувани од Заев и СДСМ. Да земат да го прочитаат и да го разгледаат договорот и да се уверат дека се што зборуваме е дена навистина станува збор за капитулантски договор кој што не треба да се поддржи, порача Јанушев.