Актуелно 09.09.2018 14:12

Јанушев во посета на Берово и Пехчево, средби со граѓани и посета на општинските комитети

Јанушев во посета на Берово и Пехчево, средби со граѓани и посета на општинските комитети

Игор Јанушев, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ денес со тим од ИК на партијата ќе ги посети Берово и Пехчево. Јанушев во Малешевијата ќе има средби со граѓани како дел од акцијата ,,Лето за Македонија” и состанок со ОК на ВМРО- ДПМНЕ.

Посетите на членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ се дел од најавата на претседателот на партијата Мицкоски, кој уште на почетокот на летото ја најави акцијата, која до сега резултираше со над 50.000 посетени домаќинства.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ во четвртокот беше во посета на Чашка и Градско, каде жителите ја поздравија акцијата на партијата за средби со граѓаните, но и го изразија својот револт кон актуелната власт, од која како што велат државата се уназадува.

Од партијата за КУРИР велат дека оваа акција ја покажува вистинската слика до кое дереџе ја доведе актуелната власт Република Македонија за 16 месеци откако се на власт. Луѓето како што велат од ВМРО-ДПМНЕ ја изгубиле надежта и не гледаат дека со СДСМ државата може да тргне во добар правец, напротив се поголем е бројот на луѓе кои се иселуваат, како резултат на криминалното владеење, непотизмот и неработата.