Актуелно 19.02.2019 19:37

Возачот од Дурмо турс го напуштил домот во Гостивар

Возачот од Дурмо турс го напуштил домот во Гостивар

Возачот на автобусот кој заврши во провалија кај автопатот Тетово – Скопје со неговото семејство го напуштил домот во Гостивар веднаш по страотната сообраќајна несреќа, објави „Телма“.

Насобраните писма и сметки висат на влезната врата. Соседите велат дека возачот бил професионалец и сериозен во својата работа.