Актуелно 06.12.2018 19:36

Кабинет на Иванов: Очајни се обидите за вмешување на Претседателот во настаните од 27 април

Кабинет на Иванов: Очајни се обидите за вмешување на Претседателот во настаните од 27 април

-Во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија никогаш ниту се разговарало, ниту се размислувало за прогласување на воена или вонредна состојба, стои во реакцијата и се додава:

„Сметаме дека последното посочување на Генералниот секретар на Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, г. Борис Јосифовски, во функција на наводен план за прогласување на воена или вонредна состојба на 27 април 2017 година, е уште еден во низата очајни обиди за конструирање на сценарио за неосновано вмешување на Кабинетот на Претседателот на Република Македонија и лично на Претседателот на Република Македонија во настаните од 27 април 2017 година“.