Актуелно 02.08.2018 23:00

Кабинетот на Иванов: Владата треба самата да се запраша зошто македонскиот народ им ја исвирка делегацијата

Кабинетот на Иванов: Владата треба самата да се запраша зошто македонскиот народ им ја исвирка делегацијата

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов никогаш не поддржувал инциденти и говор на омраза, порачуваат од неговиот кабинет.

-Жалиме што денеска владината делегацијата беше исвиркана на одбележувањето на празникот Илинден на Мечкин Камен во Крушево, но сметаме дека тоа на ниту еден начин не беше предизвикано од пораките упатени од претседателот Иванов. Владата на Република Македонија треба самата да се запраша зошто македонскиот народ на тој начин реагира кон владините претставници и да превземе одговорност зошто народот е поделен и шири говор на омраза кон државните институции и неистомислениците, се наведува во соопштението испратено од кабинетот на претседателот Иванов