Актуелниот премиер Зоран Заев во кампањата Излези За европска иднина во Берово изјави дека Македонија добива 260 илјади евра на дневна основа од Европската Унија како помош и дека таа помош ќе се зголемува доколку Македонија влезе во ЕУ.
Но прашањето што се поставува е каде се парите кои Македонија односно Владата предводена од СДСМ на дневна основа ги добива од ЕУ во износ од 260 илјади евра. Доколку се направат основни калкулации доаѓаме до огромна сум на пари кои не знаеме каде се потрошени. Така доколку се земе периодот од кога СДСМ е на власт односно вкупно 450 дена вклучувајќи го и вчерашниот и се помножат со вкупната сума од 260 илјади евра на ден кои ги добива Македонија како помош од ЕУ се доаѓа до вкупна сума од 119,6 милиони евра.
119.6 милиони евра помош од ЕУ од кои нема ни трага ни глас. Каде се трошат 260 илјади евра на ден е прашање кое треба да го одговори Владата и актуелниот премиер Зоран Заев затоа што нема изградба на нови училишта нема изградба на патишта, игралишта градинки инфраструктура и слично. За ова доказ е и катастрофалниот раст на БДП во првиот квартал од 0,1% и очајно ниската реализација на капиталните инвестиции во досегашниот период од владеењето на оваа влада.
Експертите велат дека влезот во Европската Унија зависи од структурните и темелните реформи кои треба да ги спроведе оваа земја и дека доколку парите кои ЕУ ги доделува не се трошат наменски и во поглед на подобрување на состојбите во општеството земјата тешко дека ќе го достигне нивото и ќе ги исполни критериумите кои се бараат за влез во Европската Унија. Ова дополнително би значено дека процесот за влез би бил многу долг и макотрпен.