Виенскиот институт за меѓународни истражувања (WIIW) во неодамнешниот извештај наведува дека Балканот може да стане алтернативна локација за дирекни странски инвестиции, поради недоволно искористената работна сила, но и подобрувањето на инфрастуктурата.
Главни фактори кои влијаат во приливот на инвестиции во 2018 година се санкциите кон Русија, Брегзит и царините на САД.
Според податоците, во рок од пет години најголем број инвестиции доаѓаат од Русија, потоа Австрија, па Норвешка. Најголем број инвестиции има во Словенија, каде Австрија има вложено 16,4 милијарда евра за 5 години, а во Србија во период од 2005 до 2013 има вложено 2,3 милијарди евра. Австрија е исто најголем инвеститор во Босна и Херцеговина, каде од 1994 година па навака, има вложено 1,2 милијарда евра.
Од 2014 до 2018 година, најголем инвеститор во Хрватска е Холандија и тоа со 3,35 милијарди евра. Русија е најголем инвеститор во Црна Гора со 426 милијарда евра, Швајцарија во Албанија со 1,08 милијарда евра и 277 милиони евра во Македонија и Германија во Косово со 436 милијарди евра, по прогласувањето на независност.