Постојат многу начини со кои можете да го одмрзнете месото, но не се сите еднакво безбедни, затоа што колку побргу се одмрзнува месото толку е поголема веројатноста да се рашират бактерии во него.
Многумина месото го одмрзнуваат така што само ќе го префрлат во фрижидерот, а има и такви кои користат микробранова печка, топла вода и слично. Според норвешките научници, ова се сите погрешни начини. Тие сметаат дека најдобро е храната да ја одмрзнувате под млаз ладна вода.