Има луѓе кои постојано привлекуваат погрешни луѓе, состојби или чувства и сето тоа го оправдуваат со – живот, судбина или сплет на околности.
Себе често се нарекуваат сурово реални (бидејќи за нив животот е токму таков) и тие што се смешкаат и не паничат околу ништо, се нарекуваат наивни луѓе со главата забиена во песок. Но, од кога тоа да се биде реален задолжително значи работите да се одвиваат во лош правец и дека тоа треба да се прифати како вистина?
Вистина е дека ако очекувате лошо, лошо и ќе ве најде. Па, дури иако се реални изгледите некоја ситуација да се разјасни во ваша корист и тогаш веројатно нешто ќе тргне погрешно како што не треба, пишува Б92.
Многу луѓе не се свесни за таквата негативна енергија. Таа многу добро се крие, делува како вродена и никогаш не се доведува во прашање. Пробајте преку одговорите на следниве прашања да го оцените нивото на негативната енергија која ја носите:
Дали се жалите? Често или повремено?
Дали често расправате за тоа што се во светот е лошо и тоа почесто од тоа што е добро во светот (лошо време, лоши услови за живот, ужасен сообрќаај, лоша власт, глупави закони…)?
Дали критикувате? Кого ќе стигнете или само поединци?
Дали ве следат драми и катастрофи (дали можете да се одлепите од телевизорот кога се емитува вест за некоја несреќа или распаѓање на семејство на некои познати личности?)- Дали обвинувате? Постојано или само во одредени ситуации?
Дали верувате дека немате контрола над многу исходи во вашиот живот?
Дали се чувствувате како жртва? Дали зборувате дека други ви направиле ова или она?
Дали сте благодарни за животот кој сега го живеете или ќе бидете благодарни кога според вас, се ќе дојде на свое место?
Дали чувствувате дека нешта ви се случуваат или мислите дека и вие учевствувате во тие настани?
Ако сте благодарни само кога ви се случува нешто, според ваша проценка, добро, негативни сте. Да се чувствува благодарност за што било, значи да се биде позитивен и сигурно значи покана за добра енергија.
Ако верувате дека ви се случуваат работи, сами за себе ја лепите етикетата на жртва. Поточно, за се лошо што ќе ви се случи, виновно ви е небото, животот, она нешто, а кога се во тек поволни околности и исходи, заслужни сте вие и вашата работа, трудот и залагањето. Зарем не е чудно што за едно ги обвинувате надворешните околности и другите луѓе, а за друго вие ги собирате сите медали? На секого не му е пријатно да слушне, но сами ги креирате сите ваши животни околности, и добрите и лошите.
Ако сте одговориле со ДА на кое било од понудените прашања, во себе имате нешто негативна енергија која има тенденција да се зголеми. Затоа, постојат начини на кои можете да се исчистите и добра вест е дека тоа секогаш е можно.
Прво што треба без резерва да го прифатите, за да се исчистите од негативната енергија е да сфатите дека „… кога мислите дека се што се случува е нечија туѓа вина, многу ќе страдате. Кога ќе сфатите дека се излегува од вас, ќе ги запознаете радоста и мирот“. (Далај Лама).
Второ, мора да го промените ставот. Пробајте светот и настаните да ги гледате од точката – што се може да биде добро, наместо – што се лошо ќе се случи. За ваква промена треба време и посветеност, но за кусо време ќе добиете изненадувачки резултати. Кога ќе се фатите себеси дека зборувате или мислите негативно, за лоши исходи, свртете ја плочата!
И мора да преболите се што ви се случило лошо во минатото, тоа оставете го зад себе. Мора да дозволите да мислите интуитивно, а не само реално. Мора да вежбате да замислувате настани со позитивен исход, за да ги привлечете истите во својот живот.
Само така себе ќе се убедите дека сами го креирате секој ден и секоја ситуација.
Изберете позитивна енергија и таа ќе привлече настани слични на себе. Ќе ве изненади колку брзо во вашиот живот ќе се вселат добри луѓе, добри можности и околности. Сличностите се привлекуваат, зарем не?