Економија 07.06.2018 09:15

Како лани сработи Македонската берза?

Како лани сработи Македонската берза?

Берзата лани, во годината на големи политички превирања, завршила со добивка од 3,9 милиони денари. Лани берзата имала приходи од околу 609.000 евра кој во најголема мерка е остварен од тргувањето со финансиски инструменти во вредност од 4,74 милијарди денари односно повеќе од 76 милиони евра

Македонската берза за хартии од вредност лани остварила приходи во износ од 37,63 милиони денари односно околу 609.000 евра, покажуваат официјалните податоци што ги објави оваа компанија која е единствената овластена инстанца на која се тргува капитал во форма на акции и обврзници.

Според достапните податоци, Македонска берза минатата година ја завршила со добивка од 3,9 милиони денари односно околу 65.000 евра. На своите акционери берзата им донела заработка по акција во износ од 1.404 денари. Акционерите на последното годишно собрание одлучиле добивката да ја распределат за реинвестирање.

Во суштина позитивно е тоа што оваа компанија успеала годината да ја затвори со добивка и покрај големи политички турбуленции кои се одразија негативно врз работењето на целата економија.

Од прикажаните бројки за готовинскиот тек се гледа дека паричниот тек од оперативни активности е 6,64 милиони денари, а за инвестиции се наменети 3,85 милиони денари.

Колкав беше прометот на берзата лани?

Најголем удел во прометот на берзата даде Официјалниот пазар на кој лани е регистриран промет со акции и обврзници вреден 2,84 милијарди денари и уште 1,067 милијарди денари во блок трансакции. Убедливо најголем учество во таа структура имаат триесетината акции кои котираат на сегментот „берзанска котација“ и нивниот промет изнесува над 20 милиони евра односно 1,289 милијарди денари во класично тргување. Во блок трансакции е направен промет што надминува половина милијарда денари.

Вкупно на сите берзански пазари лани е остварен промет од 2,92 милијарди денари во класично тргување и уште 1,817 милијарди денари во тргување во блок трансакции.

Најнови вести