И покрај фактот дека на пазарот и во областа на трговијата на секаков вид на роба постои силна конкуренција, сепак, постојат одредени начини како да го убедите клиентот да го купи вашиот производ.
На прво место, многу важно е во комуникацијата со клиентот да бидете љубезни. Тоа подразбира еден вид на граница во која вашиот пристап нема да биде премногу воздржан или арогантен со што ќе го одбиете клиентот, и нема да биде премногу опширен и нападен, со што повторно ќе го одбиете клиентот.
Значи, треба да бидете прифатливи и достапни, подготвени да дадете одговор на секое прашање кое ќе ви го постави клиентот за производот и доколку за нешто во врска со производот не е информиран вие да го информирате, нагласувајќи го тоа што се издвојува како најдобра карактеристика на производот.
Тоа може да биде потеклото на производот, котирањето на производителот на производот на пазарот, материјалот или функцијата на производот.
Доколку е возможно функцијата на производот да ја демонстрирате, сторете го и тоа. Запознајте го со работата и со начинот на користење на сите функции на производот.
Доколку се работи за производ кој е возможно клиентот да го проба, дозволете му го тоа.
Тоа што исто така, може да придонесе за одлуката на клиентот да го купи производот, е тоа што доколку вие како продавачму кажете дека имате искуство со таков производ и дека сте задоволни од него.
Доколку купувачот, дури и после целиот ваш труд не се одлучи да го купи производот, во комуникацијата со него останете еднакво љубезни бидејќи во спротивно би можеле да го одбиете и од некои идни купувања.