Она најосновното што сите треба да го знаат е дека на сите кои користат кредитни картички им се наплаќа камата, провизија и можеби членарина.
За тоа треба добро да се информирате, а потоа сериозно да ги земете во предвид сите факти, и секако потребно е да се биде рационален и одговорен.
Со кредитните картички потребно е паметно да се управува, особено денес кога буквално внимаваме на секој денар. Но, важно е да истакнеме дека, без оглед на придобивките кои ги нудат, за некои е подобро никогаш да не ги користат.
Како и многу нешта во животот, кредитните картички се многу „добар слуга“, но и многу „лош господар“. Затоа, одлуката за тоа дали ќе ги користите или ќе ги избегенете е ваша, меѓутоа, експертите советуваат дека овие нешта треба да ги заобиколиме.
Кредитната картичка не е за вас ако:
Финансиски сте недисциплинирани. Ако сте еден од оние кој не е во состојба сам себе да се контролира колку троши, тогаш дефинитивно кредитната картичка не е за вас.
Не сте во состојба да ги исплаќате обврските. Ако се сомневате дека долгот на картичката можете да го вратите во рамките на рокот, заборавете ги картичките. Во вашиот случај најверојатно долговите ќе се множат.
Се сомневате во компанијата која ја издала вашата картичка. Ако сте од оние луѓе кои вината ја префрлаат на друг, тогаш не ги користете картичките, советуваат експертите.
Вие сте неодговорна личност? Ако одговорот е позитивен, тогаш кредитните картички не се за вас. Сето она што сте го прочитале во договорот за условите на користење за вас ќе биде неважно. Подобро користете готовина.
Вистина е дека кредитните картички можат луѓето кои се неодговорни да ги внесат во финансиска криза, но сепак ова не е причина оние кои се одговрни и разумни да ги забиколкуваат.