Мозаик 25.01.2019 18:47

Како првата буква од името влијае врз карактерот

Како првата буква од името влијае врз карактерот

Некои луѓе се способни од лицето да го “прочитаат” карактерот на соговорникот, а дали знаевте дека и името, односно првата буква од вашето име може да влијае на тоа.
Некои луѓе се способни од лицата на луѓето да го “прочитаат” нивниот карактер, а дали знаевте дека и името, односно првата буква од вашето име може да влијае на тоа? Во следните редови прочитајте како …

А
Лица чие име почнува со буквата А се вредни, големи работници, но сакаат и удобност и уживање. Никогаш нема да седат беспомошно, ќе направат сѐ да си го разубават животот. Се стремат да бидат финансиски добро обезбедени, па генерално работат на добро платените работни места. Сакаат да бидат окружени со луѓе.

Б
Луѓето чии имиња почнуваат со буквата Б се многу чувствителни. Талентирани се, па можете да ги забележите меѓу уметниците или научниците. Имаат постојана желба да патуваат. Нивните љубови се бурни, но и фатални. Имаат тежок карактер се.

В
Оние чие име почнува со буквата В, исто така се чувствителни, верни, стремат кон сериозна љубов за цел живот и на партнерите им се предаваат целосно. Сакаат јако, цврсто и страсно. Многу се внимателни, сакаат тоа што го работат добро да го испланираат, но често им се случува да не забележат некои важни детали.

Г
Лица чие име почнува со буквата Г се многу педантни и сакаат во куќата сѐ да е на свое место, чисто и уредно. Многу обрнуваат внимание на деталите. Сакаат да бидат признати во општеството, но славата не ги интересира особено. Сакаат сигурност и стремат кон нови сознанија.

Д/Ѓ
Ова се многу независни личности. Сакаат да имаат мир и слобода и да уживаат во својот дом. Кога нешто ќе посакаат, брзо и лесно го добиваат, затоа што имаат силен карактер.

Е
Овие луѓе се многу промислени и детални. Проблемот го разгледуваат од секој агол, па дури потоа пристапуваат кон решавање. Добри се за бизнис зделки и успешни се во контактите со луѓето.

Ж
Оние чие име почнува со буквата Ж не сакаат неизвесност ниту изненадувања. Сакаат однапред да знаат што и од кого можат да очекуваат. Многу се практични. Имаат мал круг на пријатели. Позајмуваат пари само од оние во кои тие имаат доверба.

З
Ова се многу карактерни личности. Одговорни се, многу интуитивни, остроумни, но понекогаш имаат тенденција да бидат намуртени и затворени. Тука се кога на пријател му е потребна помош, но за возврат очекуваат благодарност.

И
Овие луѓе ги краси емпатија, добрина и практичност. Креативни, дури и во секојдневните работи. Добри се во пишување, цртање, имаат дарба за музика и често стануваат уметници.

J
Луѓе чии имиња почнуваат со буквата Ј се вечни деца. Нивната појава е многу импресивна и тие имаат големо срце. Имаат лидерски квалитети. Со овие луѓе никогаш нема да биде досадно, многу се динамични и способни.

К
Ова се мистериозни луѓе кои никогаш и никој нема до крај да ги запознае. Тие се помалку интровертни, имаат неколку пријатели, не затоа што им е тешко да воспостават контакти, туку затоа што тие така сакаат. Најубаво им е во нивниот свет. Мистериозни се за себе, но и за другите.

Л/Љ
Овие луѓе навистина знаат да си угодат и во тоа се вистинските уметници. Сакаат квалитет и галантност. Често знаат да бидат непријатни во друтво и тешки се за комуниција. Постојано се грижат за нешто, песимисти се и ретко кој може да им угоди.

М
Ова се вистински љубители на природата. Одговорни се, но понекогаш знаат да ги избегнат обврските за да дојдат до некое задоволство. Често се срамежливи, а понекогаш и безгрижни за луѓето околу нив.

Н/Њ
Лица чии имиња започнуваат со оваа буква се родени бунтовници. Не сакаат авторитети, ниту газди. Имаат остар ум и секогаш се критични како према себе, така и према другите. Посветени се на својата работа, па дури и кога го работат тоа што не им се допаѓа.

О
Ова се перфекционисти. Желни се за признанија и почитување. Многу се принципиелни и конзервативни. Нивните семејства им се на прво место и се обидуваат ништо да не им недостига.

П
Овие луѓе го живеат животот во потполност. Сакаат патувања и возбуди. Живеат за слава и популарност. Жедни се за големи достигнувања.

Р
И кога молчат тие се во центарот на вниманието. Тоа се храбри, самобендисани и самоуверени луѓе. Имаат силен став и со нив не вреди да се расправате за ништо. Она што ќе го наумат, тоа и ќе го постигнат.

С
На овие луѓе најважна им е материјалната вредност. Кај нив амбицијата е многу изразена и се непопустливи во работата. Од друга страна, во љубовта, често се несигурни и несреќни.

Т
Лица чии имиња почнуваат со буквата Т се емотивни, интуитивни и креативни.Ним им е многу убаво во својот свет на имагинацијата. Ја сакаат модата и егзотиката. Принципиелни се.

Ќ
Овие луѓе често се тажни и меланхолични. Сакаат да ги следат правилата и се карактеризираат како совршени работници. Самокритични се и подготвени да се жртвуваат за другите.

У
Ова се вистинските авантуристи. Тие сакаат да патуваат и работат на својот духовен развој и подигнување. Никогаш нема да го работат она што не им се допаѓа.

Ф
Тука се работи за големи идивидуалци. Никогаш нема да им се спротивстават на другите, но умеат и да ги сочуваат своите интереси. Не ми се допаѓа да должат некому нешто и не ја забораваат услугата што другите ја направиле за нив. Ова се одговорни луѓе со силно чувство на благодарност.

Х
Овие луѓе сакаат да бидат во центарот на вниманието поради тоа тие се подготвени да сторат сé, што вклучува и голем број на глупости. Знаат да се снајдат во секоја ситуација и прифаќаат критики од другите.

Ц
Луѓето ги доживуваат како личности со “јака вилица” на кои јазикот им е побрз од умот, но зад тоа се кријат големи манипулатори. Инаку нежни се и секогаш подготвени да ги споделат своите тајни.

Ч
Ќе ги препознаете по аристократското однесување и достоинството. Многу се педантни, смирени и добро образовани.

Ш
Станува збор за скромни личности со добра смисла за детали и хумор. Расположението постојано им се менува, па така денеска ќе се скараат со вас, а утре веќе е заборавено. Умеат да бидат големи и сигурни пријатели.