Живот 23.03.2019 10:48

Ова убаво женско име значи „пролет“, но и симболизира светлост

Ова убаво женско име значи „пролет“, но и симболизира светлост
Little happy girl playing under blooming cherry tree with pink flowers. Child holding sakura blossom. Summer fun for family with kids outdoors in a beautiful spring garden. Kid with flower on Easter.

Првиот ден од пролетта им припаѓа на сите девојки и жени низ светот кои го носат името Весна. Во старословенската митологија Весна била божица на пролетта. Нејзиното име значи „пролет“ и „младост“.

За потеклото на ова име има неколку толкувања, но сите имаа слични значење.

Се претпоставува дека името има индоевропски корења и означувал мугри.

Постојат претпоставки и дека потеклото на името е од староиндијски јазик, од зборот вас, што исто така значи светлина, ден, јаснотија.

Според некои, името е изведено од зборот весник, кој исто така го симболизира доаѓањето на пролетта, радоста и сонцето.

Ако се земе предвид и руското потекло на името, тогаш Весна значи младост, радост и убавина.

Сите овие толкувања имаат иста порака и значење во себе, верување дека секој кој ќе добие ова име ќе биде среќна, ведра, разиграна личност, со ведар дух и чисто срце.