Актуелно 28.10.2018 13:51

Какво време не очекува денес и во текот на наредната недела?

Какво време не очекува денес и во текот на наредната недела?

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно и ветровито. Во текот на денот на запад и на југоисток ќе се зголеми облачноста. Ќе дува  умерен дозасилен јужен ветер  особено изразен во југозападните делови и долж  Повардарието. Утринската температура ќе се движи од еден до седум степени, а дневната температура од 18 до 25 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне со повеќе сончеви периоди.  Утринската температура ќе достигне до четири степени, а дневната температура до 24 степени.

Под влијание на јужно струење следува период на топло време со умерен, до повремено  засилен југоисточен ветер. Температурата на воздухот ќе биде над просекот за овој период од годината. Од понеделник ќе има повремено зголемување на облачноста со појава на краткотраен локален дожд особено на југозападот.