Актуелно 09.12.2018 14:25

Какво време не очекува од понеделник?

Какво време не очекува од понеделник?

Во текот на денот ќе има разведрување, во текот на ноќта кон понеделник ќе има нови врнежи кои поради спуштање на постуден воздух од север на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, а на некои пониски места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи во интервалот од минус еден степен до 3 степени целзиусови, а дневната од шест до 13 степени Целзиусови.

Во Скопје слично време. Утринската темература ќе се спушти до еден степен Целзиусов, а дневната ќе достигне девет степени.

Во вторник ќе има и понатаму услови за сосема слабо и локално провејување на снег, температурите на воздухот значително ќе опаднат  и од вторник минималните ќе се спуштаат во интервалот од -9 до 0 додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 7 степени.

Да напоменеме дека следните денови на повисоките места и на планините ќе се формира снежна покривка која ќе изнесува од 10 до 20 цм, на планинските места и над 20 цм, локално и над 30 цм, таму пак каде што ќе има врнежи од дожд се очекува воден талог локално и над 20 л/м2.Исто така во некои од котлините има услови и за појава на замрзнат дожд.