Возрасно лице ќе смее да поседува до 30 грама марихуана (сув производ), а ќе може да одгледува најмногу четири стебленца без разлика на големината на домот.
Засега, консумирањето марихуана ќе биде легалнo само во Квебек, со неколку исклучоци, како и за пушењето цигари.
Она што сè уште е нелегално е продажба и дистрибуција на храна со додаток на екстракт од марихуана, додека не се решат регулациите околу користење на истите. Се очекува овие производи да бидат достапни наредната година.
Сепак, законот дозволува домашна подготовка на храна со марихуана како додаток.
Засега, сувиот канабис и маслото од канабис ќе може да се купи само во овластени продавници.
„Прехраnбените продукти кои содржат марихуана или продукти добиени од канабис се сложени. За нас е важно корисниците да се запознаени со регулативата и безбедни“, вели Бил Блер, министер за гранична безбедност и организиран криминал