Економија 16.08.2018 10:26

Катар ќе инвестира во турската економија

Катар ќе инвестира во турската економија

Kaтарските власти планираат да инвестираат 15 милијарди американски долари во турската економија, вели извор од турската влада.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и емирот на Катар, Тамим бин Хамад ал Тани разговараа денеска во претседателската палата на Анкара. Зборуваа за билатералните односи и регионалните прашања. Катарскиот емир вели дека Катар има намера да инвестира 15 милијарди долари во Турција, нагласи изворот.

Агенцијата Анадолија објави дека состанокот на двајцата водачи траел повеќе од три часа.

За време на разговорите, се говорело и за прашања поврзани со борбата против тероризмот.

На состанокот присуствувал и министерот за финансии на Турција, Берат Албаикар.