Економија 03.12.2018 23:00

Катар го напушта ОПЕК од први јануари

Катар го напушта ОПЕК од први јануари

Катар најавува дека од први јануари ќе го напушти нафтениот картел ОПЕК по скоро 60 години, пишува
CNN.
“Одлуката за повлекување од ОПЕК ја рефлектира желбата на Катар да ги фокусира своите напори кон
планови за развој и зголемување на производство на природен гас“, изјави Саад Шерида Ал – Каиби,
државен министер за енергетика.
Катар се наоѓа под дипломатско и економско ембарго веќе 18 месеци од страна на своите соседи,
вклучително и членки на ОПЕК: Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.
ОПЕК (Organization of the petroleum exporting countries) е организација во којашто членуваат најголемите
земји извознички на нафта, а е основана во 1960 година.