Финансии 10.09.2018 18:35

КХВ: Капиталната добивка да не се оданочува до 2021 година

КХВ: Капиталната добивка да не се оданочува до 2021 година

Комисијата за хартии од вредност бара од Министерството за финансии измена на Законот за персоналниот данок на доход со што предлага да се продолжи рокот на примена на ослободувањето од оданочување на капиталната добивка остварена со продажба на хартии од вредност и тоа најмалку до 31 декември 2021 година или пак до денот на пристапувањето на Македонија во ЕУ.

„Целта на иницијативата е да се овозможи натамошно раздвижување на пазарот на хартии од вредност, зголемен промет и ликвидност, а  сето тоа  во насока на унапредување, развој и промоција  на пазарот на капитал, велат од Комисијата.