Економија 09.09.2018 17:51

Кичевчани со транспарент „предавници“ го пречекаа Спасовски

Кичевчани со транспарент „предавници“ го пречекаа Спасовски

По повод граѓанскиот собир во Кичево на кој присуствуваше и говореше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кичевчани го пречека со транспарент кој беше поставен на влезот во градот на кој пишуваше ЧЛЕН 308 ЗАГРОЗУВАЊЕ НА НЕЗАВИСНОСТА – извадок од Кривичниот законик на Република Македонија кој гласи: “Граѓанин на Република Македонија кој ќе ја доведе Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема некоја друга држава, ќе се казни со затвор најмалку пет години“.

На друг транспарент на влезот во градот беше испишано „предавници“.

Со овој потег кичевчани ги потсетуваат СДСМ, Владата на Република Македонија и министерот Спасовски за почитување на Уставот на Република Македонија и даваат до знаење дека Преспанскиот договорот е срамен и понижувачки за граѓаните на Република Македонија.

 

Најнови вести